26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPininfarina Sergio ќе се произведува во серија од шест примероци

Pininfarina Sergio ќе се произведува во серија од шест примероци

pininfarina 10333

Концептот „Pininfarina Sergio“ премиерно беше претставен во март минатата година на саемот во Женева, а направен е во чест на Серџо Пинифарина кој почина во јули 2012-та година.

Веднаш по премиерата се појавија информации дека се размислува за производство на ограничена серија, додека последната вест вели дека станува збор за вкупно шест примероци.

Исто така, неофицијално се говори дека веќе сите се однапред продадени, но засега цената не е позната. Според некои претходни гласини се споменува цифра од 650.000 до 1.3 милиони фунти.

pininfarina 10444

Ова најверојатно се првите фотографии од серискиот модел, а тие покажуваат дека овој двосед претрпел одредени измени (меѓу останатото тој добил шофершајбна и странични стакла, како и подобрен преден дел).

Само за потсетување, овој концепт е направен врз база на „Ferrari 458 Spider“ од кој го превзема и 4.5-литарскиот V8 мотор, а од 0 дo 100 km/h забрзува за 3.4 секунди и може да ја постигне најголемата брзина од 320 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП