8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHttpool во партнерство со Twitter ги донесе Twitter Ads во Централна и...

Httpool во партнерство со Twitter ги донесе Twitter Ads во Централна и во Источна Европа

httpool-logo

На 26 август 2014 Httpool е именуван од страна на Twitter за партнер за продажба на огласи во Централна и во Источна Европа. Брендовите и маркетиншките агенции сега ќе имаат шанса да работат со локалниот тим и да го извлечат максимумот од своите активности на Twitter. Земјите покриени со ова партнерство се Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Швајцарија и Украина.

Twitter е активен сервис што е јавен и широкораспространет. Платформата има повеќе од 271 милион активни корисници и 500 милиони твита дневно. Twitter им овозможува на брендовите насекаде низ светот можност за интеракција со веќе постојните клиенти како и да допрат до нов, поширок аудиториум.

„Со повеќе од 500 милиони твита дневно, Twitter е центарот на дискусијата, без разлика дали комуницирате со вашите пријатели или со непознати корисници од кој било дел од  светот. Twitter е местото каде што луѓето одат да истражат што се случува во нивниот свет и ова го прави Twitter одлично место за комуникација на брендовите со нивните потрошувачи“, вели Кејти Лемп, одговорна за продажба во Европа, Блискиот Исток и во Африка. „Kомпаниите од Централна и од Источна Европа веќе го користат Twitter за да ги чујат мислењата на нивните потрошувачи и да се рекламираат органскии токму затоа сме возбудени дека сега, преку партнерството со Httpool, можеме да помогнеме преку огласување на Twitter својот труд да го зајакнат и да го подобрат“.

Три од пет корисници на Twitter* следат најмалку еден бренд, а 76% од сите корисници се активни преку своите мобилни уреди, што на огласувачите им дава одлична можност да допрат до корисниците додека се во движење, односно во моментот кога содржините  им се најбитни. Еден од тројца корисници што посетиле одреден бренд на Twitter,всушност и купиле нешто од него.

„Twitter е уникатен поради својата јавна природа, која функционира во реално време. Ова го прави одличен за оние што сакаат да бидат во тек со сèона за кое се заинтересирани. Брендовите во Централна и во Источна Европа сега имаат уште подобар начин да се поврзат со постојните и потенцијалните потрошувачи околу овие интереси, со вистинската порака во вистинскиот момент. Ние сме возбудени што ќе работиме со Twitter во воведувањето на неговите огласни решенија во регионот и сме подготвени да им помогнеме на компаниите да ги изградат и да ги прошират своите заедници, да ја раскажат својата приказна, да ја зголемат лојалноста и, на крајот, да ги зголемат продажбите“, вели Аљоша Јенко, основач и главен извршен директор на  Httpool.

„Twitter совршено се вклопува во огласната мрежа преку повеќе канали на Httpool. Всушност, партнерството ќе им овозможи на огласувачите со кои соработуваме, да пристапат до најрелевантните локални и меѓународни медиуми и мрежи од едно место“, дополнително објасни Александер Митровиќ, управител на Httpool Словенија.

Назначувањето на Httpool за директен продажен партнер на Twitter,им дава пристап на брендовите до целосниот асортиман на решенија, услуги и поддршка достапни од Twitter.

Twitter има три главни огласни решенија (единици):

Promoted Tweets – промовираните твитови се вообичаени твитови, кои покрај досегот до постојните следачи, ја имаат и дополнителната можност да стигнат и до потенцијалните следачи што можеби се заинтересирани за вашата корисничка сметка.

Promoted Accounts – промовираните кориснички сметки помагаат во брзото градење активна заедница на поддржувачи и влијателни корисници, со кои може да влезете во долготрајна интеракција.

Promoted Trends – „трендинг“ вклучува популарни теми што се најактуелни во моментот. Поради тоа што ваквиот огласен формат е поставен во видното поле веднаш до корисничкиот тајмлајн, тие добиваат зголемена видливост.

twitter-logo

Twitter исто така овозможува и  аналитики за брендовите и агенциите што ги користат нивните огласни решенија, што им помага во следење на успешноста на огласите на Twitter. Дополнително, тие имаат можност да научат повеќе за однесувањето на потрошувачите и да ги приспособат кампањите со цел подобрување на резултатите.

Повеќе за деловните решенија на Twitter, како и совети за да го подобрите присуството на оваа мрежа, може да најдете на business.twitter.com.

 

За Httpool

Httpool е меѓународна огласна мрежа преку повеќе канали, која е оптимален партнер за медиумски агенции што бараат интегрирани решенија во дигиталното огласување. Компанијата нуди најширок избор на огласни продукти и решенија во displаy, video, engagement, social и performance каналите како на мобилните така и на десктоп уредите.

Httpool користи најнапредни сопствени и лиценцирани технологии, поседува огромно меѓународно искуство и ги застапува Twitter, BBC, AOL, Spotify и други избрани глобални и локални медиуми преку сопствените 14 канцеларии во Централна и Источна Европа и во Азија. За повеќе информации ве молиме посетете www.httpool.com.

 

За Twitter, Inc.

Twitter (ознака на NYSE: TWTR) е глобална платформа за јавно изразување и разговори во реално време. Со развивање на фундаментално нов начин на кој луѓето може да создаваат, споделуваат и да откриваат содржини, тие го демократизирале креирањето и дистрибуцијата на самата содржина, овозможувајќи му на кој било глас да одекне околу светот, инстантно и нецензурирано. До него може да се пристапи преку Twitter.com, преку мобилните апликации на Twitter на повеќе уреди, или преку СМС. Достапен на повеќе од 35 јазици, Twitter има повеќе од 271 милион активни корисници на месечно ниво. За повеќе информации, посетете го  discover.twitter.com или, пак, следете го @twitter.

 

За повеќе информации обратете се на [email protected] или на 02 30 60 888.

*Базирано на истражувањето на Nielsen спроведено врз 1.400 корисници на Twitter од Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП