26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

Македонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

kos

Кошаркарската репрезентација на Македонија синоќа во рамките на 5.коло од квалификациите за Евробаскетот 2015 ја постигна четвртата победа.

Во Скопје беше совладана селекцијата на Данска со 80:46 (22:13; 19:16; 13:11; 26:6).

За да обезбеди пласман на Европското првенство на Македонија потребна и е победа и во последното коло во среда над Белорусија во Скопје.

Иако беше познато дека е потребна победа со висока разлика за да останеме со Белгија во трката за првата позиција во групата нашите играчи беа во „грч“ и тешко ги завршуваа нападите.

Дамјан Стојановски и Ричард Хендрикс беа најефикасните на почетокот на натпреварот. „Скромните“ 41:29 на полувремето беа знак дека, иако водиме сепак не е се како што треба.

Вториот дел почна со лоша реализација на нашите во нападот и Данска намали на 45:38.

И од тој момент (26.минута) до крајот Македонија прими само 8 поени, а постигна 35 и ја постигна највисоката победа во овие квалификации.

Хендрикс со 15 поени и 12 скока имаше „дабл-дабл“ учинок, а по 10 поени постигнаа: Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски и Марко Симоновски.

По натпреварот селекторот на Македонија, Александар Џикиќ на прес конференцијата изјави: Завршивме добра работа со одбраната. Но, не сум задоволен. Можеме да играме и многу подобро особено во нападот, каде бевме стихијни. Сакам „моите“ бекови да ја контролираат играта, а не да ја следат од страна.

На вториот дуел од групата Д, Белгија постигна висока победа над Белорусија на гости со 99:73.

Во пресрет на последното коло: Белгија и Македонија имаат 4-1 (победи-порази), Белорусија 2-3, Данска 0-5.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП