АВТОБИЗ

Наследникот на Land Rover Freelander подготвен за премиера (видео)

landrover4b5hb4tr4

Land Rover го објави првото видео со кое го најавува новиот модел Discovery Sport . Автомобилот е заснован на концептот на Discovery Vision од салонот на автомобили одржан во Њујорк во април 2014 година.

Неколку месеци откако е прикажан концептот од кој ќе произлезе новото семејство на возила со ознаката Discovery, Land Rover на 3-ти септември ќе го претстави првиот модел од ова семејство – Discovery Sport.

Возилото стилски ќе се потпира на концептот на Discovery Vision и ќе има седум седишта во конфигурација 2+3+2.

Видеото не открива многу детали, но прикажува дека Land Rover има намера значително да ја модернизира својата гама.

Discovery Sport  пристигнува наместо моделот Freelander чија втора генерација е присутна на пазарот уште од 2006 година.

Автомобилот ja дели платформа со моделот Range Rover Evoque со 5 врати, а за погон користи палета од четирицилиндрични бензински и дизел турбо мотори.