27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУште пет години Агуеро ќе го носи дресот на „граѓаните“

Уште пет години Агуеро ќе го носи дресот на „граѓаните“

Kun aguero

Аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро го обнови договорот со Манчестер Сити. Новиот договор на фудбалерот е за период од пет години. Веста беше соопштена на официјалниот сајт на „граѓаните“.

Па така Агуеро е врзан со Сити до летото 2019-та година. Напаѓачот премина во тимот во 2011-та година од Атлетико Мадрид за сума од 38 милиони фунти. Со тимот на Сити Агуеро стана два пати шампион на Англија, по еднаш ги освои Суперкупот и Лига Купот. Аргентинецот одигра 122 натпревари, во кои постигна 75 гола.

„Од првиот ден откако сум тука секогаш имаше информации дека ќе се вратам во Шпанија, но јас никогаш не им придаваат посебно значење. Можам да ги смирам навивачите и секој еден во Сити дека ќе останам тука додека не го одработам својот договор со клубот “, коментира Агуеро.

Вчера долгорочен договор со клубот од „Етихад“ потпиша и капитенот Винсент Компани. Неговиот договор исто така е за период од пет сезони.

Договорите со Сити ги обновија уште Александар Коларов, Самир Насри и Давид Силва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП