24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПлаќаат по 25.000 долари за да се возат по лондонските улици

Плаќаат по 25.000 долари за да се возат по лондонските улици

mercedes qatar

Во текот на летото Лондон е преплавен со луксузни суперавтомобили од кои многу пристигнуваат од арапските земји богати со нафта. „Дејли Мејл“ дознава дека соптвениците на овие возила плаќаат и преку 25.000 долари за транспорт на автомобилот со авион, иако во британската претстолнина често се задржуваат само по неколку денови.

Лондон стана омилена дестинација за припадниците на високата класа од земјите од Блискиот исток. Во главниот град на Велика Британија тие доаѓаат поради деловни причини, но и поради забава.

Богатите гости во Лондон најчесто ги возат своите скапоцени автомобили. На улиците на овој град не е реткост да се видат врвни модели на „Ferrari“, „Lamborghini“, „Bugatti“ и други слични производители.

Нормално, дека оние кои имаат пари да ги купат и одржуваат ваквите автомобили, нема да ги возат од Блискиот Исток до Британија, туку за нивниот транспорт ангажираат авио-компании.

Една од нив е „Qatar Airways“, која нуди услуги за превоз на автомобилите со своите авиони „Airbus A330“ од Доха, Катар до аеродромот Хитроу во Лондон. Во еден авион може да бидат сместени околу 30 автомобили.

Услугата на оваа компанија најчесто ја користат богатите клиенти од Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар.

Иако за „повратна карта“ за својот миленик на четири тркала одвојуваат пари за купување на пристоен автомобил од средна класа, многумина од нив во Лондон се задржуваат само неколку денови, по што одат до некоја друга монденска туристичка дестинација, како што е Азурна обала или Марбеља во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП