26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW пикап (видео)

BMW пикап (видео)

bmw-pikap

Германскиот производител на возила никогаш досега нема направено некој пикап модел.

Група американски студенти си „поиграа“ со еден „BMW“ модел и направија концепт кој според многу работи наликува на вистински пикап. Тие започнале од основата на моделот „X3“ и во него вградиле делови кои доликуваат на еден пикап. Овој концепт го доби името „Deep Orange 4“.

Во овој автомобил може да се сместат четири или пет патници, но задниот дел се отвара за да се направи платформа. Под нормални услови таа платформа е покриена со стакло, но со активирање на функцијата тоа се повлекува на покривот, а задниот дел се отвора на два дела и тоа само за две секунди.

Тогаш на располагање имате товарен простор, како кај вистински пикап, иако тој простор е релативно мал. Механиката за затворање на задната врата не е баш совршена, но признаваме дека ова е навистина оргинална идеа, но којзнае можеби еден ден и ќе се најде во сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП