26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗенит го претстави Хави Гарсија

Зенит го претстави Хави Гарсија

garsija zenit

Раководството на рускиот гигант Зенит (Санкт Петербург) официјално го претстави новото засилување на тимот на Андре Вила-Боаш.

Тоа е полудефанзивецот Хави Гарсија, кој доаѓа на „Петровски“ од англискиот шампион Манчестер Сити.

Шпанскиот фудбалер потпиша договор за 5 години со Зенит, откако Русите платија за него 13 милиони англиски фунти (15 милиони евра).

Шпанскиот фудбалер не успеа да се наметне во составот на Манчестер Сити во минатата сезона и одигра само 14 натпревари во англискиот шампионат.

Тој се сретна со уште поголема конкуренција во лицето на Јаја Туре, Фернандињо и новото засилување на „граѓаните“ Фернандо, кој беше привлечен од Порто, па поради тоа Шпанецот одлучи да ги промени клупските бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП