28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Росњефт“ бара финансиска помош од Кремљ поради американските санкции

„Росњефт“ бара финансиска помош од Кремљ поради американските санкции

rosnefttt

Претседателот на руската петрохемиска компанија „Росњефт“, Игор Сечин од Владата на Русија побарал финансиска поддршка за овој енергетски гигант, пишува весникот „Ведомости“.

Во писмо на рускиот заменик-министер за економски развој Олег Фомичев до Министерството за енергетика се наведува дека Сечин неопходноста од државна помош ја образложува со американските санкции кон компанијата.

Американското Министерство за финансии кон средината на јуни забрани американси компании, банки и граѓани, како и сите што работат во САД, да даваат кредити на „Росњефт“, „Новатек“, „Газпромбанк“ и „Внешекономбанк“.

Сечин предлага државата со средства од Фондот за национална благосостојба да купи нови обврзници од „Росњефт“ во вредност од 1,5 билиони рубљи.

Долгот на „Росњефт“ кон крајот на јуни изнесувал точно 1,5 билиони рубљи или околу 44,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП