27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСензација во Германија: Ројс си заминува од Борусија!?

Сензација во Германија: Ројс си заминува од Борусија!?

marko liverpul

Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд во минатата сезона, Марко Ројс, одбил да потпише нов договор со клубот, објави „Билд“ во денешниот број.

Па поради тоа германскиот репрезентативец може да го напушти „Сигнал Идуна Парк“ за сума од 35 милиони евра. Тоа стои во посебната клаузула во неговиот договор, но услов е дека тоа може да се случи не порано од летото 2015-та година.

Овој договор на Ројс со Борусија истекува во летото 2017-та година, но ако во наредните месеци двете страни не потпишат нов, тоа значи дека германскиот репрезентативец најверојатно ќе го смени клубот во идната година.

Преговорите меѓу Ројс и неговите претставници и раководството на Дортмунд пропаднаа уште во мај.

Овој одличен фудбалер е баран од гиганти како Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Барселона.

Логично е да се претпостави дека трансфер може да има уште сега, ако „жолто-црните“ сакаат да земат повеќе од овие 35 милиони евра за својата ѕвезда.

Веста доаѓа само неколку дена откако тренерот на Борусија Јирген Клоп објави дека Ројс и Матс Хумелс сигурно ќе се во клубот во следниот сезона.

Ројс го пропушти светското првенство поради повреда, но неговото закрепнување оди според планот и наскоро тој би требало да биде подготвен за игра. Ако тој исто си замине од Дортмунд на сличен начин, тоа ќе е трет голем удар за клубот во рамките на малку повеќе од 12 месеци, откако пред тоа во насока на Баерн избегаа Марио Гетце и Роберт Левандовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП