26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLеxus LF-LC ќе оди во сериско производство (фото)

Lеxus LF-LC ќе оди во сериско производство (фото)

Lexus-LF-LC-Concept-32

Доколку по саемот во Детроит 2012-та година помисливте дека „Lеxus LF-LC“ ќе биде само уште една лудно неостварена креација, тогаш навистина сте погрешиле.

Вчера главниот шеф на „Toyotа“, Аикидо Тојода, во еден неформален разговор, најави дека овој супер спортски „Lexus“ веќе за две години ќе влезе во сериско производство.

Lexus-LF-LC-Concept-321

Според зборовите на господинот Тојода, тој не гледа ниту една причина зошто нешто би се менувало во изгледот на концептот во однос на серискиот модел. А неговиот збор има големо значење!

Очигледно, оваа најава има врска со заедничката соработка меѓу „Toyotа“ и „BMW“ на спортскиот модел „SUPRA“, односно „Z4“.

Lexus-LF-LC-Concept-322

„Lеxus LF-LC“ би бил изграден исто така на оваа платформа, но со агрегат од помалку од 500 KS, а со тоа ќе им конкурира на „Porsche“ и „Mercedes“ во класата на луксузни спортски возила.

За да биде се комплетно, најавена и неговата цена која ќе се движи од 100.000 дo 130.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП