19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus два пати повеќе баран од Boeing

Airbus два пати повеќе баран од Boeing

boeing-vs-airbus

Европскиот производител на авиони „Airbus“, на овогодинешниот саем за авиони во англискиот град Фарнборо, го надмина американскиот „Boeing“ и прими речиси два пати повеќе нарачки.

Според соопштението на „Airbus“, вредноста на примените нарачки изнесува 75 милијарди долари, додека побарувачката за новата верзија на авионот А320neo била особено голема, пренесува агенцијата АП.

„Boeing“, од друга страна, примил нарачки во вредност од 40,2 милијарди долари за 201 авион.

„Нарачките кои ги добивме на саемот во Фарнборо за авионот А330neo и А320neo се силна реклама за овие најекономични авиони“, изјави оперативниот директор на „Airbus“, Џон Лихи.

Меѓу нарачаните авиони од „Airbus“ е  и подобрената верзија на авионот А330, кој е лансиран оваа недела и кој, според соопштението на „Airbus“, е далеку поефикасен во поглед на потрошувачката на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП