28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСпојување на двата најголеми американски производители на цигари

Спојување на двата најголеми американски производители на цигари

<

Американскиот производител на цигари „Reynolds American (RAI)“ планира да ја купи ривалската компанија „Lorillard“ за повеќе од 25 милијарди долари, што ќе доведе до спојување на двете најстари и најголеми американски производители на цигари.

Со здружувањето на „Reynolds American“ и „Lorillard“, односно вториот и трeтиот најголем американски производител на цигари, ќе биде создадена компанија со вкупни приходи од повеќе од 11 милијарди долари и со оперативен профит од околу пет милијарди долари, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите, пренесува агенцијата Франс прес.

„RAI“ е мајка-фирма на компанијата „RJ Reynolds“, производител на цигарите „Camel“, „Pall Mall“ и „Winston“, додека брендот на „Lorillard“, „Newport“ е најпродаваниот бренд на ментол цигари и вториот најпродаван вид на цигари во САД.

Компанијата „RAI“, исто така, најави дека британската компанија „Imperial Tobacco“ ќe ги купи нејзините брендови на цигари, како „Salem“ и „Winston“ и некои други средства за сума од 7,1 милијарда долари.

„British American Tobacco“, најголемиот акционер во „RAI“, ги поддржа ваквите договори и соопшти дека ќе го задржи својот удел од 42 проценти преку инвестиции од околу 4,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП