2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаработката на IT гигантите според вработен

Заработката на IT гигантите според вработен

apple google2984

„Wall Street Journal“ ја објави ранг листата на приходи и заработка по вработен во големите „IT“ компании. Оваа анализа е интересна за берзанските експерти и се однесува за фискалната 2013-та година.

Очекувано, во оваа смисла најефикасен е „Apple“. Секој од 80.000 вработени во просек придонесуваат со 461.200 долари заработка, односно со дури 2.128.400 долари приходи. Следен е „Google“ со 270.500 долари заработка според вработен, т.е. со 1.252.700 долари приходи.

Во „Microsoft“ секој вработен придонесува со 220.800 долари заработка, т.е. со 786.400 долари приходи.

Иако резултатот е значително подобар од тоа што го остваруваат „Oracle“ и „IBM“, инаку ориентирани на бизнис секторот, аналитичарите веруваат дека „Microsoft“ би можел да оствари подобра ефикасност со отпуштања на вработените. Се верува дека вистинска мерка, особено по аквизицијата на одделението на „Nokiа“, е 10 процентно намалување на работната сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП