20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСубрата Рој продолжува со инвестициите во Македонија

Субрата Рој продолжува со инвестициите во Македонија

subrata

Активностите за реализација на инвестицијата на индискиот милијардер Субрата Рој во Македонија, се одвиваат според утврдената динамика и последните случувања околу обврските што ги имала компанијата Сахара Паривар во Индија не ја попречуваат.  Рој ги исплатил обврските кои ги побаруваше Индиското регулаторно тело – СЕБИ и како што соопшти компанијата сите домашни и меѓународни проекти продолжуваат без какви било последици. Македонските владини инстититуции се во постојан контакт со претставници на компанијата и со него лично.

– Во изминативе десетина дена бевме во постојан контакт со највисоките претставници на Сахара. Од таму ни беше потврдено дека нивниот интерес и активности поврзани со проектите во Македонија на никој начин не се афектирани и работата продолжува непречено. Оваа нивна определба за сите домашни и меѓународни проекти е истакната и во официјалното соопштение објавено од страна на Сахара, изјави за МИА директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.

Тој додаде дека присуството на претставници на компанијата во Македонија се одвива според претходно договорениот план и динамика и дека нивната работа е пред се насочена кон анализата на сите потенцијални проекти од различни сфери на интерес и средби со претсавниците на релевантните државни институции.

Мизо рече дека со Субрата Рој се слушнал и лично на телефон оваа недела.

Компаниите Sahara India Real Estate Corporation Limited и Sahara Housing Investment Corporation Limited, како што е објавено во  индиските медиуми, немаат никакви обврски.

– Вкупните обврски на двете компании беа 4774.32 милиони долари, а вкупната исплатена сума е 4095.81 милиони долари. Неисплатените обврски беа 678,51 милиони долари. Повеќе од 50 проценти од оваа сума е веќе исплатена од страна на компанијата кон инвеститорите во руралните области и оваа сума е во процес на верификација. Каматата од 15 проценти на целата сума е 253.80 милиони долари. Исплативме на СЕБИ 948,15 милиони долари. Според тоа, Сахара од денес нема никакви обврски, напротив ќе биде во можност да поврати големи средства од СЕБИ. Информациите во врска со хипотеката на имотите на овие две компании се целосно неточни, измислени и неосновани, истакнуваат од компанијата.

Во соопштението од компанијата објавено во медиумите, се наведува дека овие две компании ги инвестираа своите средства во проекти за недвижности, како и во акции во компании за недвижности, но сега тие ги повраќаат назад сите нивни средства со профитите за расчистување на заостанатите обврски на инвеститорите бидејќи интересот на инвеститорите е нивен највисок приоритет. Така, овие две компании ги повратија сите средства, односно инвестиции со профит откако ги пренесоа акциите и проектите за недвижности.

Всушност, сиот капитал и акционерските друштва на Сахара груп се ослободени од каква било хипотека или обврски. Земен е мал заем од банките од околу 120 милиони долари за проекти по банкарски услови.

Од компанијата појаснуваат дека тие го поднесуваат прелиминарниот биланс на двете компании од 31 декември 2012 во рок од една недела.

– Сите овие случувања се непродуктивни, апсолутно непотребни и залудни. Исто така, за жалење е што без каква било вина на Сахара, компанијата непотребно се соочува со директни и индиректни штети по угледот и во материјална смисла. Сите овие случувања произлегуваат поради одмазда која може да влијае и врз еден милион работници на Сахара Индија Паривар која има максимално придонесено за оживување на стопанството по индиската железница. Ниту еднаш не задоцнила со плаќања во изминатите 34 години, секогаш 25 проценти од профитот го наменувала за социјални цели, 40 проценти од профитот го трошела за работниците, а 35 проценти од профитот останувал во компанијата, покажала квалитетен раст и е предмет на истражување на јапонскиот универзитет и на американските најдобри институции, никогаш не била посочена за погрешна работа од кое било министерство или институции на власта, не заработила ниту една рупија по пат на нелегален бизнис, компанија која е најголем промотор на спортот во земјата и секогаш си ги исполнувала обврските согласно и во духот на законот како основни етички вредности, стои во соопштението.

Сахара груп ги уверува нивните бизнис партнери и соработници дека се работи на нивните проекти, домашни и меѓународни, и дека продолжуваат без какви било последици.

Компанијата тврди дека е неправедно обвинета првпат во изминатите 34 години од своето работење и очекува дефинитивно вистината да излезе на виделина.

Минатата недела беше објавено дека Индиското регулаторно тело СЕБИ, на барање на Врховниот суд на Индија, ги замрзна сметките на компаниите на милијардерот Субрата Рој.

Индискиот милионер најави големи инвестиции во Македонија. Планира да изгради монденски туристички центар на Охридското Езеро, кај Љубаниште. Комплексот ќе содржи луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода. Ќе се простира на површина од 240 хектари,  а го има изработено британската Аткинс. Најави и изградба на споменик на Мајка Тереза во центарот на Скопје и вложување во земјоделскиот сектор на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП