4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеизвесна судбината на Adria Airways

Неизвесна судбината на Adria Airways

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Словенечкиот национален авиопревозник „Adria Airways“ напнато ја очекува одлуката на Европската комисија за тоа дали ќе мора да врати 79,6 милиони евра недозволена државна помош.

Во случај на казна, на „Adria Airways“ и се заканува банкрот. Продажбата на мнозинскиот пакет акции во компанијата веќе некое време е запрена, поради исчекувањето на одлуката од Европската комисија.

Како што наведуваат медиумите, интересот за преземање во последно време е на минимално ниво.

На вчерашана средба на акционерите, сопствениците на „Adria Airways“ ги распределија активностите на управата и нејзиниот претседател Марк Анжур и членовите на надзорниот одбор.

Компанијата оваа година очекува минимална добивка. Минатата година оваа компанија оствари 2,9 милиони евра загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП