26 април, 2024
ПочетнаЛЕТНА ПОНУДАПонуда на денот од ЈK Травел

Понуда на денот од ЈK Травел

corfu

Денес како понуда на денот го имаме еден од најубавите острови за забава и златно песочни плажи,ако се уште не го имате испланирано вашиот летен одмор, можеби би ви помогнале да се одлучите за еден од Јонските бисери – островот Крф. Овој остров е мозаик на историјата…од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење на  Византијци, Римјани, Французи, Руси, Англичани, па се до Италијанци и Германци во поновата историја.

Крф е островот кој успеал да го воодушеви античкиот јунак Одисеј со прекрасната природа. Раскошна убавина, спој на цивилизации, тиркизно море и прекрасни плажи.

Corfu-Greece-Old-Town-81268

Крф е најсеверниот остров на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во Јонското море.

Островот изобилува со планински релјеф, бујна вегетација, долги златно песочни плажи, едни од најубавите грчки градови, многу традиционални села, Византиски цркви, повеќе музеи, импресивни венециски тврдини.

Corfu-Island-Greece

Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода

Островот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно.

Corfu-island-Greece2

Стариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор.

Многу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани.

greece_corfu_corfutown

Покрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села.

Најпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини.

tg1773

Ефтини апартмански смештај можете да најдете на следниот линк : http://jk.com.mk/mk/TopOffer.aspx?id=370  овие вили се блиску до плажа и блиску до самиот центар идеална местоположба за добар одмор.

Затоа не двоумете се,доколку не сте го посетиле овој остров ви препорачуваме да го сторите тоа ова лето, за сите информации што ви требаат можете слободно да се јавите на следниве броеви : Скопје тел.02 6 14 98 99; Битола 047 220 248 и Штип 032 609 221

ЈК ТРАВЕЛ ви посакува пријатен престој во која било дестинација што ке ја одберете за ова лето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП