2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBeetle Dune ќе се произведува од 2016-та

Beetle Dune ќе се произведува од 2016-та

dune 00

„Volkswagen“ планира да ја претстави производната верзија на моделот „Beetle Dune“ во 2016-та година. Управниот одбор на групацијата го одобри овој модел минатиот месец како зајакната верзија на моменталниот автомобил.

dune 11

Шефот за маркетинг на компанијата Матијас Заунер рече дека „Beetle Dune“ ќе биде понуден како кабриолет и се верува дека цената на овој модел ќе биде повисока за околоу 2800 евра во однос на еквивалентниот „Beetle“ модел во регуларна верзија.

dune 22

Покрај тоа што возилото доби повисок криленс и зајакната каросерија, „Beetle Dune“ ќе остане возило со погон на две тркала и разликата од регуларниот „Beetle“ ќе биде само визеулна.

dune 33

Детелите за линијата на мотори не е достапна во овој момент, но се знае дека возилото ќе користи мотори кои се достапни во повеќе сегменти на линијата.

За потсетување, концептниот модел имаше 2.0-литарски мотор со 210ks и кој работеше со шестстепен „DSG“ менувач со двојно квачило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП