28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прилеп промовирани владините мерки и програми за самовработување за 2013 година

Во Прилеп промовирани владините мерки и програми за самовработување за 2013 година

opstina-prilep-01

Без разлика како ќе се изјаснат невработените во земјава, активни кои бараат или пасивни кои не бараат работа, ниту едно социјално право не им се скратува, потенцираше директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, кој денеска во Прилеп ги промовираше новите владини мерки и програми од оперативниот план за 2013 година за самовработување со неповратни средства, односно грантови за поттикнвуање на процесот на самовработување.

Според Поповски, до денеска се обработени 26.000 формулари при пререгистрацијата на невработените. Од нив 12.000 се изјасниле како пасивни, а 14.000 невработени активно бараат работа.

– Правата се намалуваат доколку се пречекорат приходите од 12 најниски пати. Според податоците голем е бројот на невработените кои не бараат работа, но тоа не им скратува никакво право, социјално, здравствено. Се зависи од годишните приходи, вели Поповски.

Што се однесува до владините програми за вработување, најголем интерес во Прилеп и во целата држава има за грантовите за самовработување од 3.000 евра. Тој информира дека годишно се делат по околу 900 и интенција е да се премине бројката од 1.000.

– Успешноста на семејните бизниси кои опстанале на ниво на Македонија е 77,2 проценти. Во Прилеп се движи од 65-75 насто, зависно од дејноста. Од работно ангажираните 85 проценти се во работен однос, а 28 од бизнисите, го зголемиле бројот на вработени. Ова се податоци за фирмите кои се активираа со грантовите од 2007 до 2010 година. За последните две години се прават анализите, појасни Поповски.

Според директорот на Агенцијата за вработување, неопходни се инвеститорите за да прифатат голем број невработени. Во „Кромберт и Шуберт“ во Битола ќе се вработат 2.500, а во кавадаречко „Дрекслер Маер“ ќе се отвори место за 4.500 вработувања. Од нив во моментов се вработени 700 лица.

Владините програми придонесоа да се намали невработеноста во Прилеп, смета директорката на прилепското биро за вработување Силвана Пашоска.

– Од 24.800 невработени во 2007 година, бројката сега е 17.000. За пет години само со кредитирање се вработени 680 лица, а во 2008 година имавме рекорд. Тогаш со владините програми се вработија преку 1000 лица, вели Пашоска.

Во петокот заврши пријавувањето на овој круг за грантови од 3.000 евра за самовработување. Аплицирале 280 прилепчани, претежно за трговската дејност. Во меѓувреме почнуваат 4 владини програми – за субвенционирање на невработените, на децата без родители и проект за обука на кадри.

– Прилеп нуди потенцијали за вработување, вели градоначалникот Марјан Ристески, посочувајќи дека тука се индустриските зони, од кои во „Прилеп 1“ сите парцели за капацитети се продадени, а Социјално економскиот совет е активен и ги следи состојбите со бизнисот и вработувањата, како и потребните профили за стопанството.

Според директорот на Агенцијата за вработување на Македонија Влатко Поповски, моментално се работи на новиот владин проект – обука на кадри кои ќе им бидат потребни на компаниите. Државата ќе субвенционира 50 проценти од обучените да бидат вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП