Откако се отвори Concept 37 поминаа 365 дена. Во овие 365 дена во Concept 37 беа направени преку 60 изложби и преку 30 промоции на книги, накит, индустриски дизајн, мебел, како и повеќе иницијативи за општествена одговорност.
Имаше и џез, а имаше и фанк, хип-хоп, рок и хаус. Гости им беа познати уметници, дизајнери, музичари, фотографи и непознати гости кои ги запознававме цела година. Имаше и театарска претстава, имаше и кино. Терасата можеби беше мала, но имаше место за сите.
Во оваа година Concept 37 се обиде да создаде нешто, што ќе биде несекојдневно, а нивните гости секојдневно им помагаа во тоа. Затоа ве покануваат сите да дојдете и заедно да го прославите неговиот прв роденден.
На 3-ти јули, четврток од 17 часот, на концептуалната плажа заедно со бендот Хабанита. Апостолки не се задолжителни, но се пожелни кога седите на песок. 🙂
А, на 4-ти јули, петок од 20 часот, организираат роденденска изложба на .gif-ови (GIFEST) и изложба на полароид фотографии од сите гости кои ставиле своја фотка на хаштагот #Concept37!
Потсетете се, проверете го мобилниот и ако имате фотографија на хаштаг #Concept37, дојдете и најдете ја во Concept 37.