27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип ја пушти новата 4Г мрежа

Вип ја пушти новата 4Г мрежа

vip 4g lte222

Мобилниот оператор Вип од денеска ја пушти во употреба 4Г ЛТЕ мрежата. Покриеноста во моментов е 40 отсто на популацијата, а досегашната инвестиција е 15 милиони евра.

„За помалку од две години по лансирањето на 3Г+ услугите, Вип денес ја претставува својата најнова инвестиција со која ќе понуди супер брзи мобилни податочни услуги од најновата генерација“, рече на денешната прес-конференција главниот извршен директор на Вип, Никола Љушев.

Тој додаде дека станува збор за значајна инвестиција во можностите на мрежата што ќе овозможи придобивки и за компанијата и за корисниците.

Потребата од 4Г, според главниот маркетинг директор Гернот Раш, произлегува од зголемувањето на барањата на корисниците за брз интернет.

„Претходната мрежа веќе почна да се загушува бидејќи секоја година се зголемува користењето податочни услуги и имаше потреба од нова 4Г мрежа“, рече Раш.

Менаџментот уверува дека со новата мрежа корисниците ќе имаат побрз интернет и нема да се јавуваат прекини.

Вип во Македонија е четвртиот оператор кој ја воведува оваа нова технологија во рамки на австриската групација.

Новата мрежа е достапна во моментов во седум градови само за постпејд корисниците.

Лиценцата ВИП ја доби пред седум месеци и досега, како што рече Љушев, имаат покриеност за двапати поголема од предвиденото за првите две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП