
Фудбалерот на Баерн Минхен, Тони Крос, ги договорил личните услови за договорот со Реал Мадрид, соопштува „Марка“.


Фудбалерот на Баерн Минхен, Тони Крос, ги договорил личните услови за договорот со Реал Мадрид, соопштува „Марка“.
Според овие информации договорот на 24-годишниот играч е за пет години, а неговата плата ќе биде во висина од 5 милиони евра по сезона. Наскоро се очекува раководството на шпанскиот клуб да започне преговори со Баерн за трансферната сума на играчот.
Во моментов Крос е во Бразил со репрезентацијата на Германија, каде вечерва од 22:00 часот ќе го игра осминафиналето на Светското првенство против Алжир.
Сериозен интерес кон Крос манифестираат и англиските гиганти Челзи и Манчестер Јунајтед.
Реал Мадрид пројавува интерес и кон англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг од Ливерпул, тврдат шпанските медиуми.
Според информациите, 19-годишниот играч се вклопува во концептот на европскиот клупски шампион за изградба на нов тим, составен од млади играчи на светско ниво.
Се смета дека победникот од Лигата на Шампионите е подготвен да плати 31 милиони евра на Ливерпул.
Минатата сезона Стерлинг одигра 33 натпревари во Премиер лигата, во кои реализираше 9 гола и 7 асистенции.