13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКим Неготино прославува 15 години од своето постоење

Ким Неготино прославува 15 години од своето постоење

kim-negotino

Реномираната македонска компанија за производство, преработка и конзервирање на овошјe и зеленчук,  КИМ Неготино овој месец слави јубилеј 15 години од своето основање и почеток со работа. Компанија која е пример за останатите македонски компании, и која од самиот почеток континуирано се развива и инвестира, за да денес претставува респектабилен домашен капацитет, на чии производи доверба им укажуваат потрошувачите во Македонија и во регионот. Тоа се должи на посветеноста на сопствениците, мотивираноста на вработените, на високите стандарди на работа, и пред се на самиот факт дека производите се произведуваат по софистицирана технологија од најквалитетните македонски овошја и зеленчук. Компанијата ги поседува сите највисоки сертификатиHACCP и ISO стандарди за квалитет, производите поминуваат низ повеќе нивоа на контрола, за да на крај како финални производи завршат на местото на продажба.

kim-kechap

Од јуни 1999 година, кога КИМ Неготино и започнува со работа, па се до денес, производите на оваа кoмпанија се одомаќинети кај домашните потрошувачи кои им укажуваат доверба, и ги преферираат, како производи со достапна цена а висок квалитет, а сепак македонски производи.Потврда за високиот квалитет се и бројните награди добиени на меќународни саеми, на кои компанијата учествувала.

kim-marmalad

„Со задоволство можеме да кажаме дека веќе 15 години производите на КИМ Неготино се дел од речиси секое македонско домаќинство. КИМ кечапот,Деликатесниот мајонез, лесен-посен мајонез, сокот од домати, тартар сосот, како и мармаладите несомнено, се производите по кои сме најмногу препознатливи, но и другите наши производи полека го наоѓаат патот до срцата на потрошувачите. Производството на здрави и квалитетни производи од домашни суровини е наш императив и нашата главна предност, токму тоа ни овозможи сиве овие години да го задржиме високото место на пазарот и довербата на нашите потрошувачи. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, и во континуирано унапредување на процесот на производство.”- изјави г. Јорданов, Директор на КИМ Неготино.

Покрај кечап, мајонез и сосови од мајонез во основните производи на компанијата спаѓаат и различни маринирани производи, овошни џемови, желеа и мармалади и производи од какао и чоколадни производи, како и организирање на производство на печурки и нивно пакување, сите усогласени со барањата за безбедноста на храната а произведени од најквалитетен македонски зеленчук и овошје.Веќе трета година по ред, КИМ Неготино извезува поголем асортиман од своите производи и на пазарите во Србија, Албанија, Црна Гора и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП