29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако создавачот на GoPro камерите стана милијардер? (фото)

Како создавачот на GoPro камерите стана милијардер? (фото)

go pro 1

Ник Вудмен има 38 години и веќе е милијардер. Тој е креаторот на камерите „GoPro“, а овој бизнис го започна во 2002-ра година.

Денес компанијата има над 500 вработени и генерираше 986 милиони долари приходи во 2013-та година.

GoPro-Nick-Woodman

Тој ја создаде камерата со цел полесно да ги снима своите сурф-авантури. Денес таа е проценета на 2,6 милијарди долари. Вудмен е женет со девојката од средно училиште и има две деца.

Ова е камерата „GoPro“. Ја прицврстувате кон себе и со неа ги снимате вашите авантури во сурфањето, скокањето со падобран, возењето велосипед и што ли уште не.

go pro 4

Вудмен започнува со сурфање, кога имал 8 години. Израснал во Силиконската долина, затоа што татко му е инвестициски банкар, кој има работено на трансакции како што се купувањето на „Taco Bell“ од „Pepsi“.

Тој учел во колеџот „UC San Diego“, бидејќи му е блиску до плажата. Првично не бил примен на колеџ, но подоцна неговата апликација била ревидирана. Се запознава со жена си Џил на час по ликовна уметност во средно училиште.

go pro 5

„Тој свиреше на тапани, гитара, а имаше три штици за сурфање“, вели таа.

Во почетокот на 2000-та година тој почна да работи во компанија „Funbug“, но таа банкротираше.

go pro 6

Тој имал 26 години кога заминал на 5-месечно патување во Австралија и Индонезија за инспирација. Нормално, тој имал потреба од добра камера за да го документира ова патување.

Се обидувал да ја прикачи мала камера со гумени ластици за раката и да се снима додека возел по брановите. Исто така развивал различни видови на навлаки за да ја направи водоотпорна.

go proso

Така се раѓа камерата „GoPro“. Ова е првиот прототип. Вудмен и неговите родители инвестираат 260.000 долари во развојот. Кога наполнил 30 години, камерата веќе прави промет од 350.000 долари годишно. Од првиот ден до денес компанијата е во профит, а првично камерата се продава во продавници за опрема за сурфање.

Вудмен започнува да оди по настани и да ја презентира неговата камера. 4 години по нејзиното лансирање компанијата има 8 вработени. Еден од клучните моменти е 2009-та година, кога Вудмен посетува шоу и ја претставува камерата.

gopro-hero3

Денес компанијата има над 500 вработени и генерира 986 милиони долари приходи во 2013-та година и камерата веќе е вистниски хит меѓу љубителите на авантурите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП