3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Фудбалерите на Нигерија не тренираат поради неисплатени премии

СП 2014: Фудбалерите на Нигерија не тренираат поради неисплатени премии

nigerija fudbaleri

Фудбалските репрезентативци на Нигерија одбија да тренираат поради неисплатените премии, соопштуваат бразилските медиуми.

Вработен од фудбалската федерација на Нигерија се врати во својата татковина, за да побара пари за исплата на премиите на фудбалерите, кои достигнаа до осминафиналето на СП 2014 во Бразил.

Нигерија го освои второто место во групата „Ф“ со четири поени, веднаш зад лидерот во групата, селекцијата на Аргентина која има 9 поени.

Во осминафиналето Африканците ќе играат со Франција на 30-ти јуни во Бразил.

Ваква слична приказна со африкански тим не е првата на Мундијалот. Фудбалерите на Гана се заканија дека ќе го бојкотираат натпреварот со Португалија поради неисплатените премии. Играчите сакаа да добијат готовина, па Владата на земјата испрати во Бразил авион со над 3 милиони долари. Вчера играчите на Гана ги добија парите, но загубија со 1:2 од Португалија и се најдоа на последно место во групата „Г“, па така испаднаа од СП 2014.

Пред турнирот пак, репрезентативците на Камерун одбија да заминат за Бразил, додека проблемот со премиите не биде решен. Камерунците останаа на последно место во групата „А“ со три порази и гол разлика 1-9.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП