20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ40 години од употребата на првиот баркод

40 години од употребата на првиот баркод

juicyfruit11

Денес во различни точки на земјината топка над 5 милијарди пати ќе се чуе сигналот од скенирањето на „GS1“ баркодот – при продажба на каса, во магацините, при натовар и истовар на стоки, во глобалните синџири за снабдување.

Веројатно многу луѓе нема да сфатат дека денес овој сигнал го означува историскиот момент од создавањето на првиот стандард за баркод во системот „GS1“.

На овој ден во 1974-та година Шерон Бјукенен, благајник во супермаркет „Marsh“ во Трој, Охајо (САД), за прв пат скенираше производ со баркод „GS1“. Клиентот е Клајд Досон, директор за истражувања и развој во „Marsh“. Првиот скениран производ е пакување овошни мастики „Wrigley“, примерок кој се чува во Националниот музеј на американската историја во Вашингтон.

„Можете ли да замислите, ако немаше баркод”, вели Мигел Лопера, претседател и извршен директор на „GS1“.

barcode prv

„Замислете ги редиците на касите во продавниците. Замислете го незадоволството на клиентите. Замислете што ќе се случи ако еден ден во супермаркет скенерите откажат да работат и благајникот треба да ги внесе податоците од баркод рачно? Замислете како баркодот им олеснува на производителите да тргуваат со своите производи во различни земји во светот, бидејќи баркодот може да биде прочитан насекаде. Од неговото основање во 1930-та година, за „Marsh“ приоритетна беше идејата за постојан раст и развој“, изјави Том O’Бојл, извршен директор и претседател на супермаркети „Marsh“.

„Изгледа неверојатно дека еден таков навидум обичен настан во Трој, го означи почетокот на технолошката револуција, која влијае на различни области на бизнисот во целиот свет. Дали некогаш сте размислувале, колку пати дневно се скенираат баркодовите на каса во трговски објекти“, прашува Тим Смукер, претседател на УО на „JM Smucker“ и заменик-претседател на „GS1“.

„Милијарди пати. Ова влијае на сите и го подобрува квалитетот на услугата. Не се сеќавам за друго нешто што повеќе би ја олеснило трговијата во светот од баркодот“, додава Смукер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП