4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Парите пред патриотизмот! Од Гана пристигнува авион полн со долари!

СП 2014: Парите пред патриотизмот! Од Гана пристигнува авион полн со долари!

plane-dropping-cash

Во време кога циркулираат обвинувањата на сметка на федерацијата за местењето на пријателски натпревари, во таборот на репрезентацијата на Гана ситуацијата се загрева – играчите одбиваат да играат поради неисплатените бонуси.

Тие вчера се заканувале дека ќе го бојкотираат одлучувачкиот натпревар со Португалија, а од Гана пристигна реакција на Владата во соработка со федерацијата, па со авион беа испратени вкупно три милиони долари за играчите.

„Фудбалерите инсистираа парите да им бидат исплатени на рака во кеш. Владата мораше да ги собере средствата и со чартер лет да ги испрати во Бразил. Парите се во вредност од 3 милиони долари, а таа сума ќе и биде вратена на државата кога ФИФА на федерацијата ќе и ги исплати премиите за учеството на Мундијалот“, вели заменикот министер за спорт, Јозеф Јамин.

Дали овој финансиски момент ќе ја подобри состојбата во репрезентацијата и на играчите ќе им даде елан за во одлучувачката средба против Португалија да изборат пласман во наредната рунда останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП