2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените предложиле 16.500 идеи, па така BMW заштеди 90 милиони евра

Вработените предложиле 16.500 идеи, па така BMW заштеди 90 милиони евра

 

bmw i3 877

Од претходно е познато дека вработените во европските фабрики за автомобили даваат сугестии, решенија и идеи кои се поврзани со производството на возила, а кои по правило на производителите им носат енормно големи заштеди.

Најновата таква вест доаѓа од Германија, поточно од Баварија, односно групацијата „BMW“ која објави информација дека дури 30 проценти од вработените во нивните погони во текот на една година предложиле 16.500 решенија и подобрувања.

Тие на групацијата „BMW“ и донеле дури 90 милиони заштеда од октомври 2012-та година кога започна поттикнувањето на вработените за такво однесување и своите предлози и идеи да ги испратат на новововедената интернет платформа „CRE8“.

Постигнати се директни заштеди од 90 милиони евра, но на награди за вработените се потрошени 32 милиони евра, при што најголемата премија изнесувала 5.3 милиони евра, а останатите во принцип биле во износ до 120.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП