26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ платија 36 милиони евра за Ерера

„Ѓаволите“ платија 36 милиони евра за Ерера

Ander-Herrera_ww

Фудаблерот на Атлетик Билбао, Андерс Ерера стана сопственост на Манчестер Јунајтед, соопшти авторитетниот шпански весник „Marca“.

Играчот потпишал четиригодишен договор со „црвените ѓаволи“, според кој неговата плата ќе биде околу 3 милиони евра по сезона. За 24-годишниот халф, Јунајтед ќе плати 36 милиони евра, колку што е запишано во клаузулата за предвремено раскинување на договорот со тимот од Баскија.

Официјално за трансферот ќе биде соопштено во текот на денешниот ден. Ерера премина во Атлетик во 2011-та година од Сарагоса, а тој за тимот од Билбао запиша 128 натпревари и постигна 11 гола.

Минатата сезона Ерера му помогна на својот тим да финишира на четвртото место во Примера и да освои место во Лигата на Шампионите.

Фудбалерот стана европски шампион со младинскиот тим на Шпанија во 2011-та година и се смета за еден од најдобрите играчи кои се негови врсници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП