6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer купува дел од француската компанија Selectis

Pfizer купува дел од француската компанија Selectis

pizer22

Американската фармацевтска корпорација „Pfizer“ ќе превземе десет отсто од капиталот на француската биотехничка компанија „Seleсtis“.

Ова превземање е дел од „светската стратешка алијанса“ наменета во борбата против ракот, соопшти оваа корпорација.

„Pfizer“ ќе купи десет проценти од капиталот на „Seleсtis“ по цена од 9.25 евра по акција, што е поскапо од вообичаената цена од 6.2 евра.

Мнозинските акционери на „Seleсtis“, кои контролираат 52 отсто од француската компанија, веќе ја одобрија оваа финансиска акција, но се уште мораат да ја одобрат сите акционери за да може да биде спроведена.

„Seleсtis“ е млада компанија која настанала од Институтот „Пастер“ и работи на промена на делови во „DNK“ во ќелии со цел на лечење на некои болести.

„Pfizer“ сака да ја искорити оваа посебна технологија за свои 15 нови лекови. Користењето на оваа технологија ќе чини до 264 милиони долари (195 милиони евра).

„Pfizer“, чие седиште е во Њујорк, е позната по производството на лекови – аторвастатин за намалувањето на нивото на холестерол, прегабалин против невропатска болка, вијагра против импотенција, антибиотикот азитромицин и анти-инфламаторниот лек Целебрекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП