21 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Десетте најбогати фудбалери на СП во Бразил

СП 2014: Десетте најбогати фудбалери на СП во Бразил

ronnnnn

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е богат,но сепак колку? Толку богат што Бразилските воздухопловни сили се согласиле на неговото барање на еден од своите аеродроми да прифатат четири приватни авиони, изнајмени од него, кои ќе ги транспортираат негови блиски и познаници.

Дел од неговата придружба е и неговата девојка – рускиот супермодел Ирина Шејк. Тој е толку богат, така што неговата состојба изнесува скоро една четвртина од вкупната на десеттемина од најбогатите фудбалери, кои ќе играат на Светско првенство. Состојбата на Роналдо, кој игра за Реал Мадрид, се проценува на 230 милиони долари, според рангирањето на најбогатите фудбалери на Светското првенство, изготвена од „Wealth-X“.

Поголем дел од приходите му доаѓаат од рекламни договори со „Nike“, „Samsung“, „Tag Heuer“, како и од својата линија долна облека „CR7“. Според „Forbes“ приход од плата и бонуси за минатата година изнесуваат 52 милиони долари, додека рекламните му договори му донеле 28 милиони долари.

Според изданието единствениот спортист во светот кој заработува повеќе од Роналдо е боксерот Флод Мејведер со приходи во износ од 105 милиони долари.

Еве и кои се десетте најбогати фудбалери на Светското првенство:

10. Џанлуиџи Буфон – 50 милиони долари.

Триесет и шест годишниот голман на „азурите“ игра за италијанскиот шампион Јувентус.

9. Фернандо Торeс – 50 ​​милиони долари.

Триесет годишниот напаѓач на шпанската репрезентација игра за Челзи.

8. Стивен Џерард – 55 милиони долари.

Триесет и четири годишниот фудбалер е капитен на англискиот Ливерпул.

7. Френк Лампард – 60 милиони долари.

35-годишниот Лампард повторно ќе води Англија на Светското првенство.

6. Јаја Туре – 70 милиони долари.

31-годишниот Туре игра за Манчестер сити и Брегот на Слоновата Коска.

5. Самуел Ето – 75 милиони долари.

33-годишниот напаѓач на Челзи вози Maybach 57 S Xanatec Coupe. Неговата колекција на луксузни автомобили вклучува и „Aston Martin“.

4. Дидие Дрогба – 90 милиони долари.

36-годишниот напаѓач на Брегот на Слоновата Коска игра за турскиот Галатасарај.

3. Вејн Руни – 95 милиони долари.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е најбогатиот фудбалер во Англиската Премиер лига.

2. Лионел Меси – 180 милиони долари.

Очекувањата во Аргентина кон 26-годишниот напаѓач на Барселона се големи.

1. Кристијано Роналдо – 230 милиони долари.

Португалското крило се надева да ја изведе Португалија до нејзината прва светска титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП