
Македонските граѓани сметаат дека „Триглав“ нуди најголем квалитет на пазарот на осигурување во однос на осигурителните компании, покажува истражувањето на Qudal QUalits meDAL (Медал за квалитет).


Македонските граѓани сметаат дека „Триглав“ нуди најголем квалитет на пазарот на осигурување во однос на осигурителните компании, покажува истражувањето на Qudal QUalits meDAL (Медал за квалитет).
Истражувањето е спроведено од швајцарската организација ICERITAS (Меѓународно здружение за сертификација) gMbh, на 1.200 испитаници во март годинава. Спроведено е преку онлајн прашалник, на македонски граѓани постари од 15 години, соопшти Qudal Qualits meDAL.
Покрај за осигурителни компании, истражувањето е спроведено на повеќе од сто комерцијални и некомерцијални категории во Македонија, како квалитет на млеко, автомобил, домашен пејач… Испитаниците не правеле избор меѓу понудени одговори, туку самите ги пишувале имињата на производителите и давателите на услуги кои според нивното искуство генерално го нудат најдобриот квалитет.
Граѓаните биле прашани кои производи би ги купиле и кои услуги би ги користеле кога би имале неограничен износ пари и кога при одлучувањето и купувањето би се раководеле исклучиво по нивниот квалитет.