5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti Eau Rouge наскоро во сериско производство, но во лимитирана серија?

Infiniti Eau Rouge наскоро во сериско производство, но во лимитирана серија?

infiniti-q50-eau-rouge

Сите ние сакаме „Infiniti“ да го стартува сериското производство на „дијамантот“ каков што е „Q50 Eau Rouge“. Во форма на концепт, го користи моторот на „Nissan GT-R“, сега веќе легендарниот „twin-turbo“ 3,8-литарски V6 со 560 KS и 600 Nm максимален вртежен момент, а го красат многу луксузни детали и аеродинамички компоненти од јаглеродни влакна. Го рекламираше и Себастијан Фетел, а претседателот на „Infiniti“, Јохан де Нишен најави дека моделот би можел кратко да се произведува во лимитирана серија, но ќе биде и со многу „солена“ цена.

Сепак, тој одби јавно да признае дека суперседанот е на пат, но, како што рече, тој го турка концептот „Eau Rouge“ во комерцијализација.

Според Де Нишен, доколку дојде до производство, сериската верзија ќе биде многу блиска до концептот со „GT-R“ машина, седумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала од „Q70“. Моќен и реткост, без дилеми.

„Морам да кажам дека зборуваме за автомобил од 100.000 долари. Проценетата серија е околу 250 до 500 единици годишно. Тоа е мала серија и според моите моментални очекувања, сметам дека животниот циклус ќе е од само две години“, вели Де Нишен.

Дури и по таа цена, која е блиска до „GT-R“, шефот на брендот очекува дека „Infiniti“ ќе бележи загуба за секој продаден „Eau Rouge“, затоа што повеќето работи ќе се изработуваат рачно. Сепак, проектот за високоперформансен модел е нова теорија за компанијата и во перспектива отвора врата за други модели како купе верзии.

„Eau Rouge“ би можел да биде совршен начин за збогување од актуелниот „GT-R“, затоа што сериозни гласини велат дека следната генерација ќе биде со хибриден погон, па така легендата со V6 „twin-turbo“ мотор треба да биде соодветно испратена во пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП