26 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕРазбудете го организмот: Совршена храна за топлите денови

Разбудете го организмот: Совршена храна за топлите денови

5935_zena-povrce-shutterstock_12165175_520x350

Пролетта, како и честите промени на времето можат да предизвикаат физички и психички стрес. Посветете внимание на петте енергетски супстанции, советува доктор Зилк Хофман, нутриционист од Германија. Многу е важно на својот организам да му обезбедите енергија која ќе го разбуди. Затоа на трпезата секојдневно треба да имате намирници кои во себе содржат магнезиум, јод, железо, ниацин и тиамин.

Грашок

На мускулните влакна на срцето им е потребен магнезиум да би можеле да се соберат. Магнезиум има во сусамот, грашокот, јатковидните плодови, семките од тиква.

Месо

Железото е многу важно кога станува збор за енергијата која му е потребна на организмот. Го има во црвеното месо, кобасиците, интегралниот леб, јатковидните плодови.

Морска риба

Морската риба е полна со јод, елемент кој е важен кога станува збор за борбата со вишокот на килограми. Два пати неделно треба да се јаде морска риба, а млечни производи секој ден.

Спанаќ

Спанаќот, како и секој зелен лиснат зеленчук, богат е со ниацин. Овој витамин е важна храна за мозокот. Го има во пилешкото месо, квасецот, цревата.

Грав

Гравот, како и грашокот и свинското месо, богат е со тиамин, витамин кој е неопходен за нервите. Значи, доколку сте нервозни, јадете намирници богати со овој витамин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП