10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез веќе е трет најскап фудбалер во светот, Бејл е преценет, видете...

Суарез веќе е трет најскап фудбалер во светот, Бејл е преценет, видете ги бројките

bale vs suarez332

Голгетерот на Премиерлигата и Ливерпул, Луис Суарез веќе е трет најскап фудбалер во светот, се наведува во денеска објавениот извештај на авторитетната Фудбалска опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски науки (CIES).

Според споменатиот рејтинг, заснован од актуелната пазарна вредност на играчите, пред Уругваецот се само Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид). Стартната цена, од која би започнло наддавањето за Суарез е 79 милиони фунти.

За споредба – Меси е проценет на минимум 161,5 милиони фунти, додека Кристијано барем на 85,2 милиони.

Истражувањето на „CIES“ – „Football Observatory“ се базира на основата на реално исплатените суми за илјадници трансфери реализирани во петте најсилни првенства во последните години. Значајни фактори во одредувањето на цената се возраста на играчот, рокот на договорот кој тој го има со сегашниот клуб, актуелното претставување, меѓународното искуство, нивото на работоспособност…

Еве го рангирањето на 20-те највредни играчи според истражувањето на „CIES“ – „Football Observatory“:

ceni fudbal

Во контекст на споменатите пазарни цени, експертите на „CIES“ подготвија и друга интересна ранг листа или за најмногу преценетите играчи. Прв по овој индикатор е Герет Бејл. Вредноста на Велшанецот е околу 50.9 милиони фунти (меѓу 47,1 и 54.7 милиони евра), што значи дека во минатото лето Реал Мадрид е за него платил речиси 30 милиони фунти повеќе (трансферот беше во вредност од 80.6 милиони фунти).

Еве ја и втората ранг листа за повеќето преценети играчи:

cena fudbal 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП