25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Berlin се откажа од тужбата за аеродромот

Air Berlin се откажа од тужбата за аеродромот

air berlin200

Вториот најголем германски авиопревозник „Air Berlin“ постигна вонсудско порамнување во спорот кој беше поради одложено отворањето на новиот аеродром во Берлин.

„Операторите на аеродромот „Air Berlin“ и  „Berlin Brandenburg“ постигнаа вонсудско порамнување за надомест на штетата поради одложувањето на отворањето на аеродромот во 2012-та. Порад таа причина „Air Berlin“ ја повлече тужбата пред регионалниот суд во Потсдам, а двете страни се договорија да не објавуваат детали од спогодбата“, се наведува во соопштението на „Air Berlin“.

„Air Berlin“ претходно од компанијата „Flughafen Berlin Brandenburg“, задолжена за изградбата на новиот берлински аеродром, побара компензација од 48 милиони евра.

Отворањето на новиот меѓународен аеродром засега доцни две години, а неговата изградба стана предмет на многубројни шеги меѓу граѓаните на Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП