28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрактикантска работа за средношколци во ЕВН Македонија

Практикантска работа за средношколци во ЕВН Македонија

evn

Средношколците од електротехничките училишта овој месец ќе имаат можност да посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија.

Практикантската обука во ЕВН се организира вторпат. За разлика од мината година, кога во пилот-проектот беа вклучени учениците од електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ од Скопје, годинава практикантска работа ќе посетуваат и ученици од средните училишта од Куманово, Гостивар и од Кочани.

Практикантите, како што информира ЕВН Македонија, ќе бидат менторирани од искусни професионалци во областа. За секој практикант е предвидена програма за учење, обука и работа која е во согласност и со наставната програма за практична настава на Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија.

ЕВН Македонија соопшти дека постојано и долгорочно го поддржува образовниот процес и образовните институции, особено оние од електротехниката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП