2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Volkswagen Amarok Power (фото)

Концептот Volkswagen Amarok Power (фото)

amrok

Првите фотографии од концептот „Volkswagen Amarok Power“ се појавија на интернет пред официјалното претставување кое ќе се случи за време на манифестацијата „Wörthersee 2014“.

Новиот модел практично е идентичен како минатогодишниот концепт „Amarok Power Pickup“, а го карактеризира нова опрема за каросеријата, како и сет масивни алуминиумски тркала. Тука се и „LED“ предните светла, црните и портокалови линии на каросеријата, како и двојниот издувен систем.

amrok1

Спортскиот дизајн продолжува во кабината и подразбира кожни навлаки на седиштата, спортски волан, како и атрактивна централна конзола со компоненти изработени од јаглеродни влакна.

Се претпоставува дека за моќта ќе биде задолжен 3.0-литарски„TDI V6“ мотор кој постигнува 272 ks излезна моќ и 600 Nm вртежен момент, т.е. овој мотор ќе биде поврзан со осумстепена автоматска трансмисија и „4MOTION“ погонот на сите четири тркала, што му овозможува забрзувањето до 100 km/h да го постигне за 7.9 секунди.

amrok223

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП