27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПозитивни резултати на Триглав осигурување Скопје во првиот квартал

Позитивни резултати на Триглав осигурување Скопје во првиот квартал

g_triglavgrt5y76

Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2014 година работеше позитивно. Компанијата ја зацврсти својата позиција на македонскиот пазар и го зголеми својот пазарен удел споредено со овој период минатата година.

Како што информираат од компанијата, бруто полисираната премија од осигурување и ко- осигурување на Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал оваа година ги надмина плановите и реализацијата од истиот период минатата година и беше за 27,67 проценти повисока споредено со првиот квартал минатата година, што во голема мерка резултат на фокусот на компанијата кон развој на сопствената продажна мрежа.

„Триглав Осигурување и во првиот квартал од 2014 година ја продолжи својата зацртана стратегија, којашто на компанијата и во 2013 година и донесе одлични резултати. Се фокусиравме на ширење на продажната мрежа, на контунирано подобрување на деловните процеси и на експертизата на нашите вработени“, рече Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.

Групацијата Триглав, чиј дел е и Триглав Скопје за државите погодени од поплавите на Балканот почна постапки за исплата на штети, а организира и помош за подрачјата зафатени со поплавите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП