7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМундијалот на Adidas ќе му донесе уште една милијарда приходи

Мундијалот на Adidas ќе му донесе уште една милијарда приходи

adidas-brazil-ad-2013-46_460

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ планира зголемување од осум проценти на приходите во оваа година, благодарејќи на Светското првенство во фудбал, изјави директорот на компанијата, Херберт Хајнер.

„Adidas“, како спонзор на Мундијалот кој се одржува од 12-ти јуни до 13-ти јули во Бразил, ќе обезбеди опрема за девет од 32 учесника, меѓу кои се репрезентацијата на Шпанија, актуелниот светски шампион, но и националните тимови на Германија и Аргентина.

„Оваа година очекуваме приходи поголеми за 1 до 1.2 милијарди евра, благодарејќи на Светското првенство“, изјави Херберт Хајнер.

На тој начин приходите на компанијата во 2014-та ќе бидат поголеми за осум проценти во однос на 2013-та кога изнесуваа 14.5 милијарди евра.

Овој втор светски производител на спортска опрема загуби дел од европскиот пазар во корист на лидерот во овој сектор, американската компанија „Nikе“, која исто така ќе ја загрози и неговата доминација на претстојниот Мундијал.

Според зборовите на Хајнер, оваа година продажбата на „Adidas“ на пазарот за опрема за фудбал ќе надмине две милијарди евра, што е рекорд во однос на онаа која во овој сегмент ја планира конкурентот „Nikе“ (2 милијарди долари, односно 1.46 милијарди евра), така „Adidas“ ќе ја превземе доминацијата во секторот на опрема за фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП