7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat ќе претстави Ibiza, но без покрив - CUPSTER

Seat ќе претстави Ibiza, но без покрив – CUPSTER

 

Seat-Ibiza-Cupster-Concept-01-850x347

Од „Seat“ подготвија една прилично радикална верзија на „Ibiza“, наречена „CUPSTER“ и која нема покрив.

Со специјалниот модел производителот сака да ја одбележи 30-годишнината на „срцето на „Seat“– „Ibiza“. Дизајнерите одлучија тоа да не е обично кабрио и му ставиле едно прилично чудно ветробранско стакло.

Агрегатот кој го користи е од „Ibiza CUPRA“, кој има 180 КС од 1,4-литарскиот„TSI“ моторот и „DSG“ менувач со двојно квачило.

Seat-Ibiza-Cupster-Concept-02-850x338

Оваа „Ibiza“ ќе дебитира годинавана манифестацијата „Wörthersee“ и ќе ја познаете по бојата – „New orange“, како што ја наредкуваат во „Seat“, ае специјално развиена за неа.

На багажникот има спојлер, додека на задниот браник стрчи една голема издувна цевка. Концептот користи 18-инчни тркала, кои исто така се специјално дизајнирани за него.

Воланот е обвиткан во специјална кожа и како целина ентериерот е инспириран од натпреварувачките „Ibiza“ модели – минимализам и црна алкантара.„CUPSTER“ е развиен лично од дизајнерите на „Seat“, но за жал овој автомобил нема да влезе во производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП