25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle стана сопственик на апликацијата Quest Visual (видео)

Google стана сопственик на апликацијата Quest Visual (видео)

gugle mugle

Технолошкиот гигант „Google“ ја купи „Quest Visual“, компанија која пред четири години ја произведе апликацијата „Word Lens“. Софтверот за преведување на зборови ја користи камерата на телефонот.

Имено, доколку „Word Lens“ апликацијата треба да преведе некој одреден текст, доволно е само камерата на вашиот уред да ја насочите кон посакуваниот текст и тој ќе биде преведен.

Дополнителен плус секако е тоа што апликацијата при преведувањето на тектстовите, истите ги преведува во реално време и во истиот кадар. Апликацијата се обидува и верно да ја прикаже големината на буквата и видот на фонтот, како што е во оригиналниот текст, со што се добива впечаток дека текстот е оригинално напишан на јазикот на корисникот.

„Google“ има намера оваа технологија да ја вгради во своите идни верзии на „Google Translate“, со што воедно и ќе се зголеми бројот на поддржани јазици. Апликацијата моментално преведува само седум светски јазици (англиски, руски, португалски, германски, француски и шпански).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП