3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите компании во светот

Најголемите компании во светот

ICBC RIGHTS

Оваа година рангирањето на најголеми компании во светот на „Forbes“, „Global 2000“, вклучува компании од 62 земји.

За споредба, во првото издание на рангирањето што беше минатата година имаше компании од 46 земји. Во оваа година, вклучените компании во рангирањето имаат генерирани приходи во износ од вкупно 38 трилиони долари и профит од 3 трилиони долари. Нивните вкупни средства  се со вредност од 161 трилиони долари, а пазарната капитализација им достигнува 44 трилиони долари.

Сите овие податоци се повисоки во споредба со минатата година, а најголем раст има во пазарната капитализација, која порасна за 13% на годишна основа. Овие компании имаат вработено вкупно 90 милиони луѓе во целиот свет. За првпат најголемите три компании во светот се кинески. Кина исто така има вкупно пет претставници во првите десет на листата.

Државната кинеска банка „ICBC“ ја задржува првата позиција, додека „China Construction Bank“ го зазема второто место, а „Agricultural Bank of China“ со скок од пет места нагоре во рангирањето дојде до третата позиција. Кон нив во првите десет се приклучи друга кинеска банка и тоа е „Bank of China“, која го зазема деветтото место во рангирањето. Додека Кина ги зајакнува позициите останатите пет претставници во првите десет се од САД.

„Berkshire Hathaway“ и „Wells Fargo“ се придвижуваат за по пет места во рангирањето до петта и осмата позиција. Шестото и седмото место во рангирањето се окупирани од „Exxon Mobil“ и „General Electric“, додека првите десет се оформуваат со „PetroChina“.

„J.P. Morgan“ отстапува од минатогодишната позиција и паѓа за едно место до четвртата позиција, зад „Agricultural Bank of China“.

Единствените две европски компании во првите десет од минатата година, испаѓаат од рангирањето во 2014-та година. Тоа се „Royal Dutch Shell“ (11) и „HSBC Holdings“ (14).

Рангирањето е индикатор за постојано менување на светскиот бизнис пејзаж. САД ја задржува лидерската позиција како земја со најмногу компании во „Global 2000“, дури 564. Јапонија е на второ место со вкупно 225 компании, иако загуби најмногу компании во оваа година – 26. Кина (континентална Кина и Хонг Конг ) пак го зголемува бројот со 25 компании во рангирањето или повеќе од која било друга земја, па така сега има 207 претставници. Нови две земји кои за прв пат влегуваат во рангирањето се Маурициус и Того.

На овој линк можете да го погледнете рангирањето на Forbes – Global 2000“:

http://www.forbes.com/global2000/list/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП