8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжува подобрувањето на ефикасноста на ОКТА

Продолжува подобрувањето на ефикасноста на ОКТА

okt

Значително подобрување има во профитабилноста на ОКТА во првиот квартал на 2014 година, споредено со истиот период минатата година, со пораст на бруто профитот од 69 милиони денари на 186 милиони денари. Воведувањето на новата продажна политика на компанијата, примената на таргетирана програма за ефикасност, како и дисконтинуитетот на производството беа главните фактори кои придонесоа за подобрувањето. И покрај забавувањето на целокупниот пазар на нафтени деривати на почетокот на годината, ОКТА забележува континуирано зголемување на волуменот на продажба  низ целиот прв квартал од 2014 година.

Резултатите од првиот квартал беа окарактеризирани од непреченото извршување на добро прифатената Програма на ОКТА за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини. Учеството во Програмата со реализација од 75% е значително повисоко од очекуваното. Вкупната сума на Програмата е предвидено да изнесува до 234 милиони денари.

Ликвидноста на ОКТА остана на задоволително ниво, непроменета од дополнителните трошоци за Програмата, со нето долг од 300 милиони денари на крајот од 2013 година.

ОКТА ќе продолжи да се стреми кон зголемување на уделот на пазарите каде работи. Перспективите за следните месеци остануваат позитивни, фокусирајќи се на понатамошно подобрување на ефикасноста и готовинските парични текови.

Паралелно со фокусот на подобрувањата во работењето, компанијата остана посветена на општествено одговорните практики, преку имплементирање на неколку различни програми, вклучувајќи ја Програмата за практикантство на млади студенти и Националната донаторска кампања за подршка на Детската клиника во Скопје.

Основана во 1980 година, ОКТА е една од најголемите компании во Југоисточна Европа, со инвестирани преку 80 милиони евра. Нејзините акции  котираат на  берзата на хартии од вредност. ОКТА останува посветена на фер и транспарентната соработка со сите нејзини партнери, добавувачи и клиенти, со цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со висококвалитетни нафтени деривати на локалните и соседните пазари и истовремено продолжува да придонесува кон локалната економија и општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП