18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри мита за холестеролот

Три мита за холестеролот

holesterol5er4g6e4g6er4g

Општо е познато дека секоја година е важно да се проверува нивото на холестеролот. Знаеме дека постои добар (HDL) и лош (LDL), но тука има и многу непознати работи.

1. Сите масти од храната ги запушуваат крвните садови

Иако се смета дека холестеролот од јајцата ги запушува артериите, студија од универзитетот Харвард го демантираше ова тврдење. Вистината е дека заситените масти во процесираната храна (сирење, павлака, маргарин) го оптеретуваат црниот дроб и го покачуваат лошиот холестерол. Препорака  е на дневна база да се внесува ограничена количина од 16 грама.

2. Вежбањето може брзо да помогне

Иако истражувањата покажуваат дека 40 минути физичка активност дневно го покачува добриот холестерол, но овој ефект не се постигнува „преку ноќ“. На мажите во просек им се потребни три месеци а на жените дупло подолго.

3. Еден добар наод гарантира добро здравје

Оваа заблуда може да ви го упропасти животот. Посебно се осетливи жените, бидејќи нивото на холестерол им расте во менопауза. Се препорачува, доколку е се во ред, крвта да ја контролирате еднаш годишно.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП