5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИeBay ќе врати 6 милијарди долари кеш во САД

eBay ќе врати 6 милијарди долари кеш во САД

ebay33

„Аpple“ прави сешто за да избегне плаќање на даноци, поврзани со враќањето на огромните средства на компанијата во САД. Но, „Ebay“ изгледа го прави токму спротивното. Во излагањето за првиот квартал, компанијата објави подобри резлутати од очекуваните, но нејзините акции поевтинија за 3%, а инвеститорите се прашуваат, зошто.

„Ebay“ најави дека ќе вратат 6 милијарди долари од својот профит во странство, за да се зголеми кешот во САД и да се подобри „финансиската флексибилност“.

Овој потег на компанијата значи дека таа ќе треба да плати речиси 3 милијарди долари данок што повеќето американски компании развиваат меѓународна активност и се стремат да го избегнат. Корпоративните шефови одамна лобираат во Вашингтон за „даночен одмор“, за да можат да ги вратат парите во земјата без да плаќаат за тоа. Неодамна од „Apple“ најавија дека ќе позајмат 12 милијарди долари наместо да плаќаат данок, со цел да вратат дел од сопствениот кеш во земјата.

Засега останува непознато зошто од „Ebay“ одбрале поинаков пат. Во првиот извештај на „Ebay“, откако компанијата склучи примирје со Карл Ицах, компанијата предвиде 0.70 долари заработка по акција при очекуваните 0.67 долари, како и 4,26 милијарди долари во приходи, при очекуваните 4.23 милијарди долари.

„PayPal“ уште еднаш е најсилниот сегмент на „Ebay“, зголемувајќи го вкупниот број на плаќања за 27% и нето приход со 19% на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП