19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКомбинираните вежби се идеални за совршено тело

Комбинираните вежби се идеални за совршено тело

vezbanje11vez

После напорниот и стресен ден, јогата е идеална активност за потполно опуштање бидејќи придонесува за флексибилност на телото.

wellicious_yoga-wear_yoga-tops_yoga-pants

Меѓутоа, ако сакате да ослабете или да ги затегнете вашите мускули, овој вид на рекреација не може да ви помогне без дополнителни вежби. Во зависност од тоа што сакате да го постигнете, идеално би било јогата да ја практикувате два пати неделно по одприлика еден час, а еднаш неделно да практикувате други спортови кои ќе траат еден час.

plivanje

Пливањето во комбинација со јога вежби е идеално за постепено слабеење. Ако сакате да се ослободите од вишокот на килограми, неопходно е да се определите за спортска активност која активира поголема група на мускули и троши многу калории. Дали постои нешто што е поефикасно од пливањето? Ако поминете околу еден час во вода, ќе согорите дури 840 калории.

karas-5183-635x339

Ролерките се идеални за рамен стомак, кога правилно дишете и изведувате одредени положби во јога, вие на тој начин секако ги зајакнувате абдоменалните мускули. Но, ако сакате максимално да ги затегнете, би требало почесто да возите ролери. Покраj тоа што возењето на ролери е забавно, оваа физичка активност ќе ве принуди за да ја одржите вашата рамнотежа, силно да ги затегнете сите мускули околу стомакот за да ја зачувате правилната положба на телото и да останете стабилни на тркалцата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП