27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодолски се враќа во Келн?

Подолски се враќа во Келн?

Arsenal_Lukas_Podolski-

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Подолски изјави дека Келн за него претставува втор дом и дека би сакал да се врати во клубот во кој се афирмираше како играч.

Подолски на двапати го носеше дресот на Келн за кој одигра 181 натпревар и постигна 86 голови.

„Природно е ако размислувам за враќање во Германија, прво мислам во Келн, кој за мене е повеќе од клуб. Тој клуб е мојот дом и еден ден ќе се вратам. Имам договор со Арсенал, но во фудбалот никогаш не се знае, затоа што работите се случуваат многу бргу“, вели Подолски.

Германскиот репрезентативец беше во понеделникот да ја проследи средбата Келн – Бохум (3:1), по која триумф „јарците“ обезбедија враќање во Бундеслигата.

Подолски во текот на кариерата играше и за минхенски Баерн, а од 2012-та година е член на Арсенал. Тој за репрезентацијата на Германија одигра 112 натпревари и постигна 46 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП