Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед ќе упати понуда во вредност од 55 милиони фунти за Адам Лалана и Лук Шо од Саутемптон, тврди „Дејли Меил“.
Според прелиминарните информации Бордот на директори на Јунајтед нема да ги менува трансфер плановите на клубот, иако претходно во текот на неделата беше отпуштен менаџерот Дејвид Мојс.
Пред извесно време „Дејли Меил“ објави дека Јунајтед ќе понуди 30 милиони фунти за правата на левиот бек Лук Шо, а сега се претпоставува дека шампионот на Англија ќе даде дополнителни 25 милиони за халфот Лалана. Во 55-те милиони фунти е вклучена и бонус сумата за второлигашот Борнемут од каде пристигна 25-годишниот Лалана.
Се очекува договорот за двајцата англиски репрезентативци да биде склучен пред Светското првенство, а по него Манчестер Јунајтед ќе се обиде да привлече халф и напаѓач. Меѓу споменуваните имиња се оние на Тони Крос, Цеск Фабрегас и Единсон Кавани.