27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА барем засега ја „помилува“ Барса!

ФИФА барем засега ја „помилува“ Барса!

fifalona

По елиминацијата од Лигата на Шампионите, поразот во финалната средба од Купот на Кралот и разочарувачката сезона како целина, во Барселона конечно имаат повод за радост.

ФИФА излезе со соопштение во кое објави дека каталонскиот клуб ќе може да потпишува со нови играчи во текот на следниот преоден рок, почнувајќи од 1-ви јули 2014-та година.

Во почетокот на април од светската фудбалска федерација им забранија на каталонците да вршат трансфери во следните два трансфер прозорци или поинаку кажано – до летото 2015-та година. Официјалната причина беше опишана како „грубо прекршување на правилата за привлекување на странски фудбалери под 18 години“.

„Каталонците“ веднаш поднесоа жалба за казната, а па таа најверојатно ќе им биде прифатена. Од ФИФА соопштуваат дека одлуката за санкција на Барселона е „суспендирана“ и ова ќе му овозможи на клубот од „Ноу Камп“ да извршува трансфери во текот на летото.

Шефот на Апелациската комисија на ФИФА – Лери Мусенден додава дека тој и неговите колеги ќе преземат соодветно и правилно решение за во иднина, но во моментов ја „замрзнуваат“ наметнатата санкција и Барселона ќе биде во можност ова лето да ги реализира посакуваните цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП